Поврзи се со нас

Гостивар

Модуларниот ковид центар во Гостивар ќе има 33 кревети, соба за изолација, рендген… кога ќе почне да се гради не се знае

Објавено

на

Локацијата и капацитетот на модуларниот ковид центар во Гостивар се одредени и познати, но за сега не е прецизирано кога ќе започне изградбата. Предвидено е објектот со бараки да се подигне близу гостиварската општа болница и да има вкупно 33 кревети. Пациентите ќе се распоредуваат во болничките соби, зависно од сериозноста на нивната клиничка слика. Планирана е и една соба за изолација на сомнителни случаи.

Според податоците кои се познати до сега, ковид центарот ќе има просторија за мали интервенции и рентгенско снимање. Исто така, ќе бидат обезбедени посебни простории и канцеларии за медицинскиот персонал. Вкупната површина на објектот ќе биде околу 590 метри квадратни.

Овој центар е еден од 16-те што ги најави Министерството за здравство, како дополнителни капацитети за згрижување на пациенти заболени од ковид. Ќе се градат со кредит од Светска банка.

Во вчерашното интервју во Топ Тема, министерот за здравство Венко Филипче рече дека изградбата доцни, затоа што во времето на техничката Влада, тогашната заменик министерка за финансии не го потпишала заемот.

„Да го потпишеше тогашната замничка за финансии заемот, ќе беше поинаку. Тоа беше заем за брза помош за здравстените системи, не само кај нас, туку во 100 земји во светот, со над 6 милијарди долари за зајакнување на здравстевните капацитети. Сето тоа за да подготвено се пресретне есенскиот бран, кој уште тогаш се очекуваше.“, рече  Филипче.

За хоспитализација на пациенти со ковид Гостивар за сега го има инфективното одделение со 24 болнички кревети. Доколку има наплив на заболени, за нивно згрижување ќе се пренамени дел од интерното одделение.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена