Поврзи се со нас

Писма

ПИСМА: „Мојата населба Дутлок“…пишува Димитрија Ч. Милошески

Gostivarpress.mk во рубриката Гостиарски-Писма овојпат доби и ви пренесува интересни приказни за една од најголемите населби во градот – Дутлок, за кои сметавме дека ќе го задржат вашето внимание, кај некого можеби ќе разбудат далечни спомени или пак некој ќе се присети на драги и убави моменти. Прочитајте за традицијата на спортување, прекарите што си ги даваат дутлочани, прочуената продавница кај чичко Даут… Писанието за Дутлок ни го испрати гостиварецпт Димитрија Ч. Милошески.   

Објавено

на

„Мојата населба Дутлок“

Се викам Димитрија Ч. Милошески роден во Гостивар на 13.04.1959 година, син на Калина и Чедомир Милошески и петто дете на ова среќно семејство. Родум сум од село Сретково кое се наоѓа во еден преубав предел со најубава клима и здрава вода за пиење. Моето семејство се доселува во Гостивар во 1956 година како потстанари во една домаќинска куќа се додека моите родители не си изградиле свој дом. Во тој дом се населуваат во 1965 година и така малку по малку се формира едно среќно семејство од средна класа со свој метод на живеење.

Местото каде живееме се вика Дутлок и е една од најубавите населби во Гостиварско за кое што јас седејќи под еден лешник позади мојата куќа добив идеја да ви раскажам неколку спомени и случувања од 60- тите, до 2020 година.

Не знам од каде да почнам, но како што е редот мојата населба е позната и прочуена по фудбалот, а како и не би била кога градскиот стадион се наоѓа во центарот на Дутлок. Мојата населба се протега од мостот на реката Вардар од Основниот суд до првиот мост од течението од каде што извира. Што се однесува до фудбалот, градскиот стадион скоро во секој натпревар беше полн со гледачи, нашиот тим повеќе пати победуваше, но се случуваше понекогаш и да се изгуби по што доаѓаше до некои немили настани.

На градскиот стадион играа неколку клубови како ФК Маврово, ФК Силика, ФК Дутлок и ФК Братство, а се разбира најдобрите играчи беа од нашата населба како Мирко Шиле, Чеде Штуре, Фуат Точи, Лазо Кецман и многу други.

Во мојата населба се наоѓаат и средните училишта, гимназија, економски и медицина. Од овие училишта излезе многу квалитетен кадар, кои станаа директори и јавни личности како Стефче Стефаноски, Миодраг Стефаноски, Рампе Милошески, Станко Бибоски, Боге Велјаноски, Мирко Лазарески, Ванчо Алексоски и многу други. Мојата населба е прочуена и по убавите паркови кои ги викавме голем парк и мал парк, највисоките тополи и најубавата врба која се наоѓа пред судот на општина Гостивар. Порано реката Вардар немаше корито, па правевме базени кои ние помалите ги чистевме за повозрасните први да влезат во нив, а ние помалите подоцна. Имаше и натпревар за тоа кој ќе направи најдобро салто. За овој натпревар доаѓаа и други деца од други населби, но сепак дутлочани секогаш беа на врвот и за ова понекогаш доаѓаше до конфликт каде најмногу учествуваа Саве Кралот, Саве Карпата, Танаш, Злате Ненко, Цане Баче, Даче и многу други.

Во Дутлок се играше и т.н Комар-Коцка како што се покер, Ајнц, Брич, но најпопуларна беше Фантата која се играше со железни петобанки и имаше многу добри играчи, на најдобри беа оние кои играа со лева рака.

Во Дутлок се доселуваа најмногу од околината на гостиварско од селата Маврово, Леуново, Железна Река, Сретково, Куново, Ново Село, Сушица, Церово и многу други. Се собиравме и пазарувавме во единствената продавница каја ја викавме кај чичко Даут – прекрасен човек кој на сите ни помагаше, даваше вересија иако тоа беше државна продавница. Скоро секое домаќинство броеше по неколку членови од четири до пет деца.

Мојата населба е прочуена и по тоа што пред секоја куќа задолжително мора да има трендафил или јоргован и железна врата со многу додатоци и иницијали. Во Дутлок се правеа и најубавите свадби кои траеа и по една недела до утринските часови имаше т.н сеири . Дутлок е прочуена и по најубавите девојки до кој “ тешко се доаѓаше” бидејќи самите дутлочани тешко ги “даваа”.

Дутлочани први во градот направија свој објект за месна заедница и тоа со свои средства и доброволна работа. Во Дутлок живее чесен народ од средна класа кој што се занимава по малку и со земјоделство и сточарство. Секој има своја бавча со пиперки, домати и краставици, а има и круши, цреши, сливи, јаболка, дуњи и др. Дутлок е прочуен по тоа што во дамнешно време имало многу дудинки – дутки – црници за кои при разговор со сосед кажа дека така и името на населбата е добиена токму заради тоа.

Не можам, а да не споменам дека во Дутлок секое домаќинство поседува велосипед и пред одреден период еден сосед кажа дека неговиот велосипед има дури 50-тина години. Во мојата населба се случувале убави веселби и забави, но малку поинаква забава мене ми остави впечаток. Кога почина директорот на земјоделската задруга Ратко Кипроски на неговиот погреб беа донесени зурли и тапани бидејќи тоа била негова желба пред да почине.

Во Дутлок многу се играше фудбал и еден настан ми остави силен впечаток и сеќавање. После еден изгубен натпревар судијата почувствувал дека ќе биде во опасност, па заедно со другите помошници судии се скриле во околните куќи се додека не дошла полиција да ги земе.

Исто така, Дутлок е позната по правење мангупски работи. Соседот Спасен Андреески имаше убава круша и секоја година имаше многу род, но на никого не даваше од крушите. Неколку деца се собрале, чекале да заспие, ги собрале крушите и му ги закачиле на оградата. После тој настан, чичко Спасен секоја година даваше круши на секого.

Во Дутлок скоро 90 проценти посебно од машката популација имаат свои надимаци како Цане Баче, Томе Дики, Илче Балтазар, Љупче Кара, Боге Караџа, Борко Каљо, Благоја Бандуш, Мирко Бико, Виде Блат, Ѓоко Ѓуша, Ќире Мали, Стане Цуто, Стане Џими и многу други.

Дутлок и ден денес е преубава населба која ги има истите паркови, училишта, реновирани и средени со поубава глетка, со убав кеј на реката Вардар и го има истиот детски џагор. Но, но жал нема повеќе детски игри како некогашните до легнување, ги нема веселите свадби каде невестата се носеше до дома пеш со зурли и тапани, со играње кумино оро и многу други убави обичаи. Нема лаење на кучиња од секоја куќа, го нема поштарот кој секој ден ни носеше писма и разгледници од нашите родители кои одеа на бањско лекување како, Нишка Бања, Пролом Бања, Охрид, Струга, Дебарски Бањи. Честитките за Нова Година понекогаш доцнеа и по неколку месеци.

Го нема берењето на липов чај од високите липи, ги нема фудбалските натпревари меѓу децата од дутлочките “маала”, ги нема испраќањата во војска од дома до железничката станица. Се сеќавам кога имав 5 години во Дутлок се донесе првиот телевизор и сопственикот не‘ собираше во неговиот двор каде ги гледавме најдобрите партизански и каубојски филмови. Најинтересно за Дутлок е што секоја година на 2 Мај за Денот на Трудот се собиравме фамилијарно во парковите, а нашите родители едвај го чекаа тој радосен ден. Но, имаше и натпревар за тоа кој ќе донесе најубава лубеница и домаќинот ја сече на парчиња и дава на сите деца подеднакво.

Во Дутлок имаше и многу ученици од други градови како Тетово, Кичево, Дебар кои живееа како потстанари и истите беа редовни ученици и беа прифатени како свои. Денес кога се прават 10, 20, 30  или 40 годишнини од матура со задоволство зборуваат за убавото време поминато во Дутлок.

Дутлок е позната по дутлочани кои работат во најразлични институции како доктори, судии, службеници, професори кои живеат и работат чесно и се многу трудољубиви. Јас сум многу среќен што живеам во оваа убава населба и никогаш не би помислил да живеам на друго место. Горд сум што сум дутлочанец и ме радува што и се повеќе се обновува и реновира и најверојатно младите ќе го продолжат животот генерациски што подолго и да раскажуваат за нашата населба Дутлок.

ВЕКОВИТО!


Содржината на оваа објава се личен став и гледиште на авторот и на никаков начин не ги одразува ставовите на редакцијата на Gostivarpress.mk.
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ИСТРАЖУВАЧКА анкета

Здравје и убавинапред 25 минути

Еве зошто треба да јадете печурки почесто

Гостиварпред 3 часа

На патарина Гостивар фатено лице со фалсификувана возачка

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода 19 годишен гостиварец

Македонијапред 4 часа

Или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите, аларм на Стопанска Комора

Гостиварпред 6 часа

Случаи на напад и закана кон полицајци во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Детска недела во градинките во Гостивар: Мали деца големи срца!

Македонијапред 6 часа

Од полноќ поскапуваат горивата

Гостиварпред 8 часа

Патник ограбил таксист во Гостивар ноќеска

Гостиварпред 9 часа

За непрописно престигнување во Гостивар за неколку часа казнети 42 возачи

Македонијапред 9 часа

Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците, вели Шаќири

Македонијапред 10 часа

Дваесет и седум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Македонијапред 11 часа

Почнува новата академска година

Гостиварпред 12 часа

Малку дожд, па стабилизација на времето следните денови

Гостиварпред 4 дена

ВМРО ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварпред 1 недела

Ограбена џамијата во Присојница

Гостиварпред 2 недели

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Голем концерт на Владо Глигоровски во Гостивар за јубилејни 30 години музичка кариера

Гостиварпред 1 недела

Инспекции по златарниците во Гостивар, Скопје, Тетово, Кичево – Одземени над 10 кг. злато

Гостиварпред 1 недела

Се појави змија во двор на градинка во Гостивар, управата бара од институциите дополнителни проверки и мерки

Гостиварпред 4 дена

Сметката за струја на болницата во Гостивар за август е 45.536 евра-Неиздржливо е, велат од Управата

Гостиварпред 1 недела

Ресурсен центар Гостивар: Пријавување на социјално загрозени кои имаат потреба од бесплатна нега и грижа

Гостиварпред 2 недели

Гостивар повикува: Ајде на планина!..Развој на планински туризам и еко едукација на младите

Македонијапред 1 недела

Коалиција сите за правично судење: Супервештачењето за „Ласкарци“ и „Тендери“ сè уште трае

Вестипред 2 недели

Православните верници слават Раѓање на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

Гостиварпред 2 недели

Гостиварци ќе се мотивираат повеќе да користат велосипеди

Гостиварпред 5 дена

Во Гостивар казнети 4 лица кои управувале електрични тротинети, контролите ќе продолжат

Гостиварпред 2 недели

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 4 недели

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 2 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 2 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 2 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 3 месеци

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 4 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 4 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 4 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 5 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 5 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 5 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена