Поврзи се со нас

Писма

ПИСМА: „Мојата населба Дутлок“…пишува Димитрија Ч. Милошески

Gostivarpress.mk во рубриката Гостиарски-Писма овојпат доби и ви пренесува интересни приказни за една од најголемите населби во градот – Дутлок, за кои сметавме дека ќе го задржат вашето внимание, кај некого можеби ќе разбудат далечни спомени или пак некој ќе се присети на драги и убави моменти. Прочитајте за традицијата на спортување, прекарите што си ги даваат дутлочани, прочуената продавница кај чичко Даут… Писанието за Дутлок ни го испрати гостиварецпт Димитрија Ч. Милошески.   

Објавено

на

„Мојата населба Дутлок“

Се викам Димитрија Ч. Милошески роден во Гостивар на 13.04.1959 година, син на Калина и Чедомир Милошески и петто дете на ова среќно семејство. Родум сум од село Сретково кое се наоѓа во еден преубав предел со најубава клима и здрава вода за пиење. Моето семејство се доселува во Гостивар во 1956 година како потстанари во една домаќинска куќа се додека моите родители не си изградиле свој дом. Во тој дом се населуваат во 1965 година и така малку по малку се формира едно среќно семејство од средна класа со свој метод на живеење.

Местото каде живееме се вика Дутлок и е една од најубавите населби во Гостиварско за кое што јас седејќи под еден лешник позади мојата куќа добив идеја да ви раскажам неколку спомени и случувања од 60- тите, до 2020 година.

Не знам од каде да почнам, но како што е редот мојата населба е позната и прочуена по фудбалот, а како и не би била кога градскиот стадион се наоѓа во центарот на Дутлок. Мојата населба се протега од мостот на реката Вардар од Основниот суд до првиот мост од течението од каде што извира. Што се однесува до фудбалот, градскиот стадион скоро во секој натпревар беше полн со гледачи, нашиот тим повеќе пати победуваше, но се случуваше понекогаш и да се изгуби по што доаѓаше до некои немили настани.

На градскиот стадион играа неколку клубови како ФК Маврово, ФК Силика, ФК Дутлок и ФК Братство, а се разбира најдобрите играчи беа од нашата населба како Мирко Шиле, Чеде Штуре, Фуат Точи, Лазо Кецман и многу други.

Во мојата населба се наоѓаат и средните училишта, гимназија, економски и медицина. Од овие училишта излезе многу квалитетен кадар, кои станаа директори и јавни личности како Стефче Стефаноски, Миодраг Стефаноски, Рампе Милошески, Станко Бибоски, Боге Велјаноски, Мирко Лазарески, Ванчо Алексоски и многу други. Мојата населба е прочуена и по убавите паркови кои ги викавме голем парк и мал парк, највисоките тополи и најубавата врба која се наоѓа пред судот на општина Гостивар. Порано реката Вардар немаше корито, па правевме базени кои ние помалите ги чистевме за повозрасните први да влезат во нив, а ние помалите подоцна. Имаше и натпревар за тоа кој ќе направи најдобро салто. За овој натпревар доаѓаа и други деца од други населби, но сепак дутлочани секогаш беа на врвот и за ова понекогаш доаѓаше до конфликт каде најмногу учествуваа Саве Кралот, Саве Карпата, Танаш, Злате Ненко, Цане Баче, Даче и многу други.

Во Дутлок се играше и т.н Комар-Коцка како што се покер, Ајнц, Брич, но најпопуларна беше Фантата која се играше со железни петобанки и имаше многу добри играчи, на најдобри беа оние кои играа со лева рака.

Во Дутлок се доселуваа најмногу од околината на гостиварско од селата Маврово, Леуново, Железна Река, Сретково, Куново, Ново Село, Сушица, Церово и многу други. Се собиравме и пазарувавме во единствената продавница каја ја викавме кај чичко Даут – прекрасен човек кој на сите ни помагаше, даваше вересија иако тоа беше државна продавница. Скоро секое домаќинство броеше по неколку членови од четири до пет деца.

Мојата населба е прочуена и по тоа што пред секоја куќа задолжително мора да има трендафил или јоргован и железна врата со многу додатоци и иницијали. Во Дутлок се правеа и најубавите свадби кои траеа и по една недела до утринските часови имаше т.н сеири . Дутлок е прочуена и по најубавите девојки до кој “ тешко се доаѓаше” бидејќи самите дутлочани тешко ги “даваа”.

Дутлочани први во градот направија свој објект за месна заедница и тоа со свои средства и доброволна работа. Во Дутлок живее чесен народ од средна класа кој што се занимава по малку и со земјоделство и сточарство. Секој има своја бавча со пиперки, домати и краставици, а има и круши, цреши, сливи, јаболка, дуњи и др. Дутлок е прочуен по тоа што во дамнешно време имало многу дудинки – дутки – црници за кои при разговор со сосед кажа дека така и името на населбата е добиена токму заради тоа.

Не можам, а да не споменам дека во Дутлок секое домаќинство поседува велосипед и пред одреден период еден сосед кажа дека неговиот велосипед има дури 50-тина години. Во мојата населба се случувале убави веселби и забави, но малку поинаква забава мене ми остави впечаток. Кога почина директорот на земјоделската задруга Ратко Кипроски на неговиот погреб беа донесени зурли и тапани бидејќи тоа била негова желба пред да почине.

Во Дутлок многу се играше фудбал и еден настан ми остави силен впечаток и сеќавање. После еден изгубен натпревар судијата почувствувал дека ќе биде во опасност, па заедно со другите помошници судии се скриле во околните куќи се додека не дошла полиција да ги земе.

Исто така, Дутлок е позната по правење мангупски работи. Соседот Спасен Андреески имаше убава круша и секоја година имаше многу род, но на никого не даваше од крушите. Неколку деца се собрале, чекале да заспие, ги собрале крушите и му ги закачиле на оградата. После тој настан, чичко Спасен секоја година даваше круши на секого.

Во Дутлок скоро 90 проценти посебно од машката популација имаат свои надимаци како Цане Баче, Томе Дики, Илче Балтазар, Љупче Кара, Боге Караџа, Борко Каљо, Благоја Бандуш, Мирко Бико, Виде Блат, Ѓоко Ѓуша, Ќире Мали, Стане Цуто, Стане Џими и многу други.

Дутлок и ден денес е преубава населба која ги има истите паркови, училишта, реновирани и средени со поубава глетка, со убав кеј на реката Вардар и го има истиот детски џагор. Но, но жал нема повеќе детски игри како некогашните до легнување, ги нема веселите свадби каде невестата се носеше до дома пеш со зурли и тапани, со играње кумино оро и многу други убави обичаи. Нема лаење на кучиња од секоја куќа, го нема поштарот кој секој ден ни носеше писма и разгледници од нашите родители кои одеа на бањско лекување како, Нишка Бања, Пролом Бања, Охрид, Струга, Дебарски Бањи. Честитките за Нова Година понекогаш доцнеа и по неколку месеци.

Го нема берењето на липов чај од високите липи, ги нема фудбалските натпревари меѓу децата од дутлочките “маала”, ги нема испраќањата во војска од дома до железничката станица. Се сеќавам кога имав 5 години во Дутлок се донесе првиот телевизор и сопственикот не‘ собираше во неговиот двор каде ги гледавме најдобрите партизански и каубојски филмови. Најинтересно за Дутлок е што секоја година на 2 Мај за Денот на Трудот се собиравме фамилијарно во парковите, а нашите родители едвај го чекаа тој радосен ден. Но, имаше и натпревар за тоа кој ќе донесе најубава лубеница и домаќинот ја сече на парчиња и дава на сите деца подеднакво.

Во Дутлок имаше и многу ученици од други градови како Тетово, Кичево, Дебар кои живееа како потстанари и истите беа редовни ученици и беа прифатени како свои. Денес кога се прават 10, 20, 30  или 40 годишнини од матура со задоволство зборуваат за убавото време поминато во Дутлок.

Дутлок е позната по дутлочани кои работат во најразлични институции како доктори, судии, службеници, професори кои живеат и работат чесно и се многу трудољубиви. Јас сум многу среќен што живеам во оваа убава населба и никогаш не би помислил да живеам на друго место. Горд сум што сум дутлочанец и ме радува што и се повеќе се обновува и реновира и најверојатно младите ќе го продолжат животот генерациски што подолго и да раскажуваат за нашата населба Дутлок.

ВЕКОВИТО!


Содржината на оваа објава се личен став и гледиште на авторот и на никаков начин не ги одразува ставовите на редакцијата на Gostivarpress.mk.
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена