Поврзи се со нас

Гостивар

Молитва за татковината во Бигорскиот Манастир

Објавено

на

Во рамки на илинденските чествувања во познатиот Бигорски манастир, покрај Свечената литургија  беше извршен и чинот на доксологија – молитва за татковината.

-Како и секоја година беше извршен чинот на Доксологија, во кој се принесуваат молитви „за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и Татковината, особено во Илинденското востание“, информираше отец Кирил.

Додаде дека  по благословувањето на празничното коливо, Епископ г. Партениј, одржал пригодно слово.

-На овој празник посветен на светиот и велик старозаветен пророк Илија, пред 118 години нашиот многунамачен и напатен народ херојски востанал против гнетот и јаремот на големата Турска империја. Пред малку, во молитвата ние си спомнавме за душите на сите оние кои јуначки се бореле и славно паднале во светите борби за нашата вера и Татковина, или биле измачувани и убиени од непријателските војски или паднале во заробеништво, односно за душите на сите што низ историјата се бореле и паднале за идеалот за слобода и државност. Меѓутоа, како што чувме од чинот на Доксологијата, ние се помоливме и за началниците кои се поставени да управуваат. Зашто, навистина, голема одговорност имаат оние на коишто Господ им дал власт да управуваат со државата, за којашто многумина ги дале своите животи, го дале најсветото што го имал. Посакал Господ да не чува во преслатката слобода Христова, да ни ја чува Татковината, да ги просветлува оние на кои им е дадена власт да не водат и да им каже „добри зборови во срцата нивни за Црквата и за целиот Негов народ“, порачал меѓу другото владиката.

фото:Бигорски Манастир

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена