Вести
Момчиња од Чајле и Бањица повредени во сообраќајка

Двајца млади возачи и нивните сопатници се здобиле со телесни повреди откако се судриле со автомобилите.
Според СВР Тетово, сообраќајката се случила вчера попладне околу 18 часот на крстосницата на улиците „Живко Брајковски“ и „101“. Во сударот учествувале „БМВ“ со гостиварски ознаки што го управувал Ш.Б. (21) од Чајле и „фолксваген-пасат“ управувано од С.М. (18) од Горна Бањица. Возачите и нивните сопатници (вкупно четворица) се пренесени во гостиварската болница и по укажаната медицинска нега се пуштени дома. Штетата во сообраќајката е процената на 120 илјади денари.
Од СВР Тетово уште еднаш посочуваат на појавата млади возачи без придружба да управуваат со моќни автомобили, што е спротивно на законската регулатива. Во десетте месеци од годинава, откриени и законски санкционирани се 1029 возачи-почетници.
– Во последните сообраќајно-контролни активности што се спроведуваат на тетовско-гостиварското подрачје, покрај другите прекршоци, значителен е бројот на откриените возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, предвидени за оваа категорија возачи, а кои неретко се учесници во сообраќајни несреќи со сериозни последици, вели портпаролот, Марјан Јосифоски.
Глобата изнесува 200 евра во денарска противвредност или со впишување на 40 негативни бодови.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!