Поврзи се со нас

Македонија

МОН: Бојкотот на матурантите е неприфатлив, образованието мора да тече и во пандемија

Објавено

на

Матурантите продолжуваат со бојкот на наставата незадоволни од концептот на државната матура, а Министерството за образование и наука во последното соопштение нагласува дека има должност да ја спроведе матурата за да обезбеди можности за сите над 14.000 учениците коишто се пријавиле да полагаат.  „Неодоговорно е да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет. Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит. Државната матура оваа година ќе се полага по скратена и променета методологија како што МОН уште на почетокот на учебната година одлучи, а со тоа беа сложни и матурантите и средношколските здруженија и наставниците и родителите.“, наведуваат од МОН.

Надлежните уште еднаш потенцираат дека биле направени измени во постојната концепција со воведување два дополнителни изборни предмети- географија и информатика, и усогласување на проектната задача.
„Исто така, потсетуваме дека работна група во која учествуваат претсавници на средношколците и Државниот испитен центар ќе подготви целосно нова концепција за државна матура, која ќе се користи веќе од идната година и со ова за кратко време направен е голем исчекор кон подобрување на целиот концепт. Апелираме дека образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Министерството од самиот почеток прави се да не дозволи пандемијата да се одрази на развој и напредок на учениците. Свесни сме дека пандемијата донесе многу предизвици и промени, но тоа не смее да ги поколеба учениците и матурантите да продолжат да учат и да се надградувате. Бојкотот на група матуранти не оди никому во прилог и во овој случај целосно е неоправдан. Бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива.“, велат од Министерството.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена