Македонија
МОН: Договорот со СОНК вклучува и исплата на К-15

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита.
„Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор. Низ отворен дијалог, на состанокот со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски, и на кој учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, со СОНК претставен од претседателот Јаким Неделков, придружуван од членови на синдикатот и од Сузан Флокен, директорка на Европската конфедерација на синдикати за образование, постигната е согласност за покачување на платата во образованието и во детската заштита за 12%, кое ќе биде реализирано со ребалансот на Буџетот и започне да се применува со јулската плата. Денешниот договор меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година. Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.“, соопштија вечерва од Министерството за образование.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022