Вести
МОН ги прашува наставниците како ковид влијаеше врз образованието
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со поддршка на УНИЦЕФ и Реактор –Истражување во акција, спроведуваат истражување во основните и средните училишта поврзано со здравствената криза и ковид -19 што, во голема мера, влијаеше на начинот на кој се реализира воспитно-образовниот процес во нашата земја.
Како што информираат од МОН, основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата врз образовниот процес.
„Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители/старатели и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина. Добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика. Ве повикуваме да го споделите вашето мислење и искуства“, стои во јавниот повик упатен до просветните работници.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди