Поврзи се со нас

Македонија

МОН го објави ценовникот: За оштетен или изгубен учебник од 26 до над 700 денари

Објавено

на

Министерството за образование и наука го објави ценовникот за оштетени или изгубени учебници кои биле користени во учебната 2018/2019 година. Правилата налагаат децата да ги вратат неоштетени книгите што ги добиле во септември, а доколку се случи некој учебник да биде оштетен или изгубен, родителот треба да ја плати штетата.

Цените варираат од 29 се до над 700 денари, и се определени за секој учебник посебно. На пример: за учебник по техничко образование за 4-ти одделение цената е  26 денари, по музичко 36, по македонски јазик 117 денари, по албански јазик исто така за 4-то одделение 91 денари, математика – 336 денари. Поскапи се надоместоците за учебниците по природни науки за 5-то и 6-то одделение кој чини 581 денар, по француски јазик за 7-то одделение со цена од 677 денари, германски за 8-мо – 723 денари, историја за седмо одделение – 558 денари, историја прва година средно – 530 денари, по англиски јазик исто така за прва година – 575 денари.

Според Правилникот, ученикот по завршувањето на наставната година треба, најдоцна до крајот на месец јуни во тековната учебна година, да го врати комплетот на учебници неоштетен на одделенскиот, односно раководителот на паралелката. Одделенскиот раководител внесува податоци за родителите кои ги вратиле учебниците, податоци за вратените учебници (наслов на учебник, автор), состојба во која се вратени учебниците (употребливи, оштетени). Библиотекарот во електронската евиденција внесува податоци за учебниците кои се вратени за користење за наредните учебни години и за учебниците кои се оштетени и неупотребливи. За оштетениот учебник се издава уплатница на име на буџетски корисник која треба родителот да ја прикаже како доказ дека трансакцијата е извршена.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена