Гостивар
МОН со демант на тврдењата на градоначалникот Таравари за тенденциозни контроли во училиштата

Министерството за образование и наука ги демантираше обвинувањата на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој вчера на прес изјави дека инспекциските надзори низ училиштата во Гостивар се тенденциозни и МОН прави обид по трет пат да му ги одземе надлежностите.
„МОН категорично ги демантира обвинувањата и информира дека основна работа на просветните инспектори е да спроведуваат редовни и вонредни инспекциски и контролни надзори во училиштата и воопшто во сите образовни установи. Така што, доколку инспектори од Државниот просветен инспекторат си ја вршеле својата работа, тоа никако не значи дека целиот инспекторат е сконцентриран во таа општина и има некаква тенденциозна намера. Државниот просветен инспекторат постапува и делува на територијата на целата држава од аспект на тоа дали се почитуваат законските прописи при работењето на образовните установи, како и од аспект на заштита и почитување на правата на учениците, наставниците и така натаму.“, наведуваат од Министерството за образование.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград