Поврзи се со нас

Македонија

МОН: Учениците не смеат повеќе да губат часови

Објавено

на

„Учениците не смеат повеќе да губат часови, бидејќи и онака во изминатите две години воспитно – образовниот процес се организираше во отежнати услови поради пандемијата и тоа во голема мера влијае врз знаењето на младите генерации од кои во иднина се очекува да ги преземат улогите на возрасните, да учествуваат во општествените процеси и да бидат предводници на промените.“, порача вечерва Министерството за образование.

Од таму нагласуваат дека ваков идентичен став во изминатите неколку денови во јавноста имале претставниците на повеќе релевантни институции и организации кои работат во областа на детската заштита и унапредување на правата на децата, меѓу кои и УНИЦЕФ и Народниот правобранител.

„За Народниот правобранител, не постои дилема дека кога има судир на две права кои се уставно загарантирани, предност се дава на правата на децата и затоа од институцијата сметаат дека училиштата не треба да бидат затворени, туку напротив незадоволството на наставниците да се изразува на друг начин кој нема да му наштети на воспитно – образовниот процес.“, пренесува МОН.

И претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани вели дека наставниците имаат право да бараат повисоки плати, но тоа да не биде на грбот на учениците кои и онака со пандемијата изгубија многу часови, туку да се изнајдат нови иновативни начини за штрајкување.

„Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права за обезбедување на поголеми плати, но тоа никако не може да биде врз грбот на учениците кои и така со пандемијата и другите случувања во блиското минато изгубија многу часови. Апелирам до сите засегнати страни да изнајдат алтернативни начини за да штрајкуваат зашто децата изгубија многу и навистина е многу лошо тие да станат жртви на ова што се случува сега“, рече Ди Џовани.

Наставата во училиштата е во прекин деветти ден по ред, откако СОНК одлучи да започне генерален штрајк. Иницијаторите на штрајкот го одбија владиниот предлог за зголемување на платите во образованието за 10%, односно за 2500 денари по наставник.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 49 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 4 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 11 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена