Гостивар
МОН: Во ноември конкурс за стипендии за ученици во здравствените струки
Министерството за образование и наука соопшти дека следниот месец ќе објави конкурс за доделување на 600 стипендии за ученици кои се запишани во јавните средни училишта во државава и тоа во дуални паралелки во здравствените струки, каде се реализира практично образование со зголемен број на часови.
„Учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на конкурсот за доделување 1500 стипендии за ученици запишани во дуални паралелки. МОН одлучи да ги одвои, односно за нив да објави посебен конкурс за стипендии, а целта е на сите ученици кои се дел од дуалните паралелки, да им се излезе во пресрет и да се поддржат со финансиска стимулација поради тоа што одбрале дефицитарни струки.“, информираа од МОН.
Започната е постапката за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година. По објавата на конкурсот, аплицирањето ќе се спроведува електронски, преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. Оние кои ќе ја добијат, стипендијата ќе им се исплаќа за целата учебна 2023-2024 година.
Учениците од средното медицинско во Гостивар денес протестираа со барање да бидат опфатени во конкурсот за стипендии.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија