Гостивар
МОН за пресот на Таравари: Не постапуваме самоволно, туку исклучиво во согласност со законските прописи

По вчерашниот прес во Општина Гостивар, на беше посочено дека одземањето на ингеренциите во образованието не било спроведено согласно законските прописи, со реакција се јави Министерството за образование и наука.
Во нивното соопштение се вели: „Министерството не постапува самоволно и по желба на поединци, туку постапува исклучиво во согласност и со почитување на правните прописи во земјата и на одлуките на останатите институции, органи и тела задолжени за контроли, надзори и донесување на решенија за ситуации, како конкретно настанатата во општина Гостивар. Како што јавноста е веќе запознаена, по спроведени инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат констатирани се низа нерегуларности и непочитувања на законите од страна на градоначалникот на општина Гостивар и на локалната самоуправа, во постапките за разрешување и именување на директори на училишта. Станува збор за нерегуларна постапка која тој ја повторил два пати што всушност е и основ за одземените ингеренции на општината во областа на образованието и задолжување за градоначалникот за враќање на состојбите во првобитниот статус.“
Од МОН го повикаа градоначалникот Арбен Таравари да не ја меша политиката во образованието, на штета на процесот на едукација и воспитување на учениците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди