Атентатот на Гај Јулиј Цезар се случил на 15 март 44 година п.н.е. во театарот Помпеја во Рим.

Десетина заговорници предводени од Марк Јуниус Брут, попознати како Liberatores (ослободители), го избодеа до смрт познатиот римски владетел, што предизвика низа граѓански војни, но и воспоставување на Римската империја под власта на Октавијан Август.

До денес, овој настан е запишан во учебниците како еден од најпознатите атентати во историјата. Затоа, не е изненадувачки што овој атентат служеше како инспирација за бројни уметнички дела и е една од темите на Шекспировата трагедија на Јулиј Цезар.

Атентатот врз Цезар исто така инспирирал и изработката на три златни монети на кои предната страна е прикажан ликот на Брут.

Една од тие три римски монети стари 2.000 години неодамна беше продадена на онлајн аукција на Roma Numismatics во Лондон за рекордни 3,59 милиони евраТоа е шест пати повеќе од бараниот износ од 554.000 евра.

Монетата во совршена состојба беше дел од приватната колекција на европски колекционер кој останува анонимен.