Гостивар
Моника Ѓорѓевиќ победи на „Вешта жена 2020“ во Гостивар
Синоќа во Гостивар по осми пат се одржа манифестацијата Вешта жена, настан кој ги собира припадничките на понежниот пол на едно место, да покажат што знаат и умеат со храната, да се дружат и забавуваат.
Титулата Вешта жена на Гостивар за 2020-та ја понесе Моника Ѓорѓевиќ за трпезата наречена „Свети Трифун“.
„Уживам кога готвам. Со оглед дека сум професонален слаткар воопшто не ми беше тешко да ги подготвам специјалитетите и да ја декорирам масата“, рече Моника.
Покрај неа, во натпреварувачкиот дел учествуваа: Наташа Србиноска со трпеза „Свети Валентин“
и Билјана Максимоска со трпеза „Цветна градина“
Освен натпреварувачките, на манифестацијата имаше и две гран при трпези, подготвени од гостиварки кои се дел од Вешта жена од самиот почеток, Мирјана Србиноска со трпеза насловена „Ѕвезда водилка“ и Елизабета Питулкова со „Изгубеното богатство“.
„Токму од Гостивар го почнавме овогодинешното патување со манифестациите Вешта жена низ целата држава. Гостиварки, како и секогаш се покажаа како многу креативни, умешни и позитивни, им благодарам што донесоа убавина и ведрина во целиот настан“, рече Снежана Стојановска, претседател на здружението Вешта жена.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар