Поврзи се со нас

Вести

Мониторинг на предизборно ветување во Општина Врапчиште

Објавено

на

    Во периодот од месец февруари до месец јуни 2023 година, здружението на жени фармери “Моја Фарма“ го имплементира проектот мониторинг на предизборно ветување: “Изградбата на објект за противпожарна служба во селото Градец, Општина Врапчиште, како едно од дадените преизборни ветувања на градоначалникот на Општина Врапчиште.

    Проектот за изградба на објект за противпожарна служба самиот по себе како подвиг е многу значаен затоа што ги обединува напорите на две различни општини за справување со долгогодишниот проблем на навремено интервенирање и гаснење на пожари и претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка. Иако е почнат како предизборно ветување на моменталниот градоначалник на Општина Врапчиште, Исен Шабани, а произлезен како еден од стратешките приоритети кои што локалното население ги избрало при подготовката на стратегијата на општината и тоа преку користење на алатката форуми во заедниците која што овозможува широко вклучување на населението во процесите на донесување на одлуки и изборот на приоритети на кои што општината треба да работи во одреден временски период.

    Низ процесот на консултации и меѓуопштинска соработка, а со оглед на локацијата каде што се наоѓа објектот, свој интерес како за услугите на објектот, така и за самата инвестиција интерес пројавува и Општина Боговиње каде што исто така во текот на летниот период се јавуваат доста пожари за кои што нема навремена интервенција поради тоа што пожарните служби треба да стигнат од Тетово кое што се наоѓа на 15 километри од Боговиње. Слична е состојбата и со општината Врапчиште која што ги користи услугите на противпожарната станица од Општина Гостивар која што пак нема доволно капацитети и возила за да одговори и на потребите на Општина Врапчиште.

    Проектот кој што го набљудуваше здружението Моја Фарма добива и ЕУ знаменце, односно како резултат на меѓуопштинската соработка на општините Врапчиште и Боговиње се создава проект чија што реализација ја поддржува токму Европската Унија во рамките на прекуграничката соработка со Република Албанија. Проектот има вкупен буџет од 859.196 евра, а главната цел која што треба да постигне со реализацијата на овој проект е да придонесе за заштита на животната средина во областа на ЦБ преку надградба на јавната инфраструктура за управување со ризици.

    Како главни резултати кон кои што треба да придонесе реализацијата на проектот се наведени следниве:

    – Да се воведе заедничко управување со ризикот за превенција од (диви) пожари во областа на ЦБ;
    – Да се воспостави единствен меѓуопштински систем за заштита од пожари;
    – Да се подигнат капацитети за одговор на природни катастрофи во областа на ЦБ;
    – Да се подигне свеста за заштита на животната средина во областа на ЦБ.

    Резултати од проектот

    – Заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и Стандардни оперативни процедури (СОП) се развиени и се применуваат;
    – Формирано е заедничко одделение за противпожарна заштита на Општина Врапчиште и Боговиње согласно Законот за меѓуопштинска соработка;
    – Изградена е нова ПОЖАРНА СТАНИЦА за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита;
    – За противпожарната станица Врапчиште-Боговиње се набавува специјално возило за гасење шумски пожари;
    – Во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита се вработени, обучени и опремени 9 пожарникари;
    – 23 пожарникари преку граница се со зголемени капацитети за одговор при елементарни непогоди;
    – Специјална опрема за реагирање при природни катастрофи е купена за противпожарната служба во Церик;
    – Воспоставен и опремен е доброволен систем за одговор при природни катастрофи од 20 лица, кој вклучува пензиониран воен персонал и локално население од руралните области во прекуграничниот регион;
    – 8200 основци се со подигната свест за превенција од шумски пожари и последиците од шумските пожари по животната средина, а во 3 основни училишта се инсталирани аларми за пожар;
    – Повеќе од 25.000 рурални домаќинства и повеќе од 110.000 луѓе од руралните области на прекуграничната област се со подигната свест за превенција од пожари.

    Изградбата на објектот е веќе завршена, па она што останува е неговото внатрешно уредување, набавка на специјално возило за гаснење на шумски пожари, но и јакнење на свеста кај локалното население за превенцијата од пожари. Во текот на месец април во посета на објектот беше исто така и министерот за локална самоуправа, г-динот Ристо Пенов.

    „Градењето на ваквата станица ќе биде од корист дури и за нас жителите кои што не припаѓаме кон овие две општини меѓутоа многу побрзо ќе дојде едно возило од Градец до Тумчевиште отколку од Гостивар до Тумчевиште поради близината на селата“, вели Живка Ѓурчиноска, жителка на селото Тумчевиште.

    Често пати во селото се случуваат пожари во куќи на лица кои што живеат во странство, па така единствената помош и поддршка која што некој може да ја пружи во тој момент се пожарникарите, но додека да дојде од градот возилото за кое што му треба минимум 30 минути, често пати се случуба куќата и да изгори, а сега со овој објект пожарникарите ќе бидат многу блиску до нас, смета Исеин Хајдари како жител на селото Врапчиште.

    Мониторингот на преизборното ветување заврши со јавен настан во организација на здружението Моја Фарма на кој што уште еднаш беше потенцирано дека партнерската соработка на општините и институциите со граѓаните и локалните граѓански организации е клучна во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на општините од една страна и зголемувањето на довербата на граѓаните во институциите на системот од друга страна.

    Овој проект се спроведуваше во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

    (комерцијална објава)

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 53 минути

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 6 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 21 час

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена