Гостивар
МОНТЕНЕГРО донираше храна и хигиенски средства за 200 социјално загрозени домаќинства од Гостивар

Компанијата Монтенегро донираше пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, наменети за 200 социјално загрозени домаќинства од Гостивар. Оваа хуманитарна акција Монтенгро ја организира во соработка со гостиварскиот Црвен крст, чии волонтери ќе извршат дистрибуцијата на пакетите до домовите на социјално загрозените семејства.
„Монтенегро ја продолжува својата стратегија во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога. Состојбата со коронавирусот дополнително го отежна секојдневието на социјално загрозените домаќинства од нашата општина. Се ближат празници, најважно е сега да се помагаме меѓу себе и здружено ја пребродиме оваа пандемија“, велат од Монтенегро.
Од компанијата најавуваат дека ќе продолжат со спроведување на хуманитарни акции, онаму кадешто ќе биде најпотребно.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо