Гостивар
Монтенегро со „МАЕСТРО“ на најголемиот саем во Русија и Источна Европа – „Продекспо 2019“

Од 11 до 15 февруари во Москва, Русија се одржува најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2019“. Во „Експоцентарот“ на 100.000 квадратни метри, своите производи ги изложуваат 2.442 компании од 69 држави од светот.
На овој исклучително значаен деловен настан од областа на производството и пласманот на стока за широка потрошувачка учесник е и Монтенегро од Гостивар. На националниот штанд ги изложија производите на Млекара Маестро. Маестро e единствен претставник нa млечната индустрија од земјава.
„Маестро веќе 4 години е присутен на рускиот пазар, учеството на овој саем е со цел да ги претставиме новите производи и да се искористи настанот за нови контакти со руската стопанска комора и другите деловни асоцијации од овој дел на светот. Засега имаме одличен интерес од страна на потрошувачите како и од бизнис секторот кои се заинтересирани за производите на Маестро и нивно проширување во Источна Европа и кон Азија, велат Магдалена и Никола Пејчиноски кои се претставници на Маестро, во Москва.
„Продекспо“ е најголем меѓународен саем на прехрамбени прозиводи, пијалоци и суровини за нивно производство, најдобра платформа за воспоставување контакти помеѓу произведувачите и големите компании и најкраток пат до пазарите во Русија и Источна Европа.
Покрај Монтенегро со Млекара Маестро на годинешниот саем во Москва, од македонските компании излагачи се уште и „Стоби“, „Далвина“, „Тиквеш“, „Бовин“ и „Гобекс“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?