Здравје и убавина
Мора да ги јадете – Маслинките се суперхеројот на вашето тело и ум
За маслинките важи само едно правило: има луѓе што ги обожаваат и луѓе што не можат да ги јадат воопшто. Средина нема! Вкусот е вкус, и за него не се дискутира. Но, за благотворните дејства на маслинките за човековото здравје сите треба да се информираме.
Маслинките се одличен извор на калциум, железо, незаситени масни киселини, витамини К и Е и наитирум. Дури 75% од сите масти во маслинката ги содржи олеинската киселина, за која се покажало дека придонесува за намалување на нивото на холестеролот.
Ако секојдневно јадете маслинки, полесно ќе ја регулирате тежината. Носат чувство на ситост, имаат негативни калории, односно ви помагаат за губење на килограми со согорување на непотребните маснотии во крвта.
Маслинките ги штитат клетките, особено во комбинација со витаминот Е. Со нивно заемно дејствување се намалува ризикот од оштетување на клетките, како и настанување на воспалителни процеси. Витаминот Е е главен телесен антиоксидант, растворлив во мастите, кој ги собира и неутрализира сите слободни радикали кои предизвикуваат оштетувања во деловите на телото кои содржат масти.
Благотворни се и за намалување на симптоми на астма, остеоартит и реума. Го штитат срцето, а исто така го зајакнуваат и имунитетот. Содржат полифенол, кој може да се добие само од растенијата, а е корисен за ослободување на телото од штетните материи.
Маслинките имаат моќ и во зачувување на мозочните ќелии, што значи ако ги јадете вашето памтење ќе се подобри. Што се однесува за реподуктивното здравје, тие се негов вистински сојузник, го штитат од инфекции и ја подобруваат плодноста.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар