Вести
Морбили во Гостивар нема, но неопходна е внимателност поради епидемиите во близина
Во регионот на Гостивар состојбата со морбили-мали сипаници е мирна и нема регистрирани заболени лица. Сепак, лекарите потенцираат дека со оглед на епидемијата која владее во други градови и соседните земји кадешто граѓаните заминуваат на летни одмори, неопходна е внимателност и преземање на превентивни мерки.
„Актуелна епидемија има во Дебар, со повеќе од 20 случаи, што не тера да бидеме внимателни. Уште повеќе заради состојбата во Грција, Бугарија, Албанија, Косово… Пред се` епидемиолошките служби, но и другите делови на здравствениот систем, треба да бидат внимателни и сомнителните случаи да бидат ставени под засилен епидемиолошки надзор“, изјави примариус д-р Војислав Огњаноски од епидемиолшкото одделение во Гостивар.
Епидемиолозите потсетуваат дека морбилите се едно од најзаразните заболувања, а вакцината е најефикасниот начин на заштита. Вакцината против мали сипаници се прима на 13 месечна возраст, а ревакцината е на 6 години. Лекарите велат дека само лицата кои ги примиле двете дози се заштитени од морбили, а предупредуваат дека во изминатите години опфатот на децата со оваа вакцина е намален поради антивакциналните кампањи.
Последните случаи на мали сипаници во Гостивар се регистрирани во 2011 година кога имаше седум заболени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар