Свет
Москва мета на масовен напад со дронови, затворени аеродромите

Најмалку 19 беспилотни летала биле соборени од руската воздушна одбрана додека се приближувале кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин во раните утрински часови.
Според руското Министерство за одбрана, вкупно 105 украински беспилотни летала од авионски тип биле соборени над неколку руски региони во текот на ноќта, од кои 19 над московскиот регион.
Нападот се случи неколку дена пред одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, што Москва традиционално го слави со воена парада на 9 мај.
Според Собјанин, нападот се одвивал во неколку бранови. Првите пет дронови биле пресретнати нешто по 1 часот по полноќ, додека последниот бран, во кој биле соборени уште десет, се случил околу 2:17 часот. Едно беспилотно летало погодило станбена зграда во јужниот дел на градот, оштетувајќи прозорци и дел од објект на приземјето. За среќа, нема информации за сериозно повредени или загинати.
Како мерка на претпазливост, четирите главни аеродроми во Москва – Домодедово, Шереметјево, Внуково и Жуковски – привремено ги прекинаа операциите.
Руското Министерство за надворешни работи го нарече нападот доказ за „терористичко однесување“ од страна на Киев. Во контекст на овие тензии, Кремљ претходно објави едностран тридневен прекин на огнот во пресрет на Денот на победата, но украинската страна го одби, барајќи 30-дневно примирје како минимум.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос