Поврзи се со нас

Занимливости

Москва: Среде бел ден украдена вредна слика за време на изложба (видео)

Објавено

на

    Од Третјаковската галерија во Москва, за време на вчерашната изложба среде бел ден, била украдена вредна слика на рускиот сликар Архип Куинџи Иванович.

    На снимката од видеонадзорот во Третјаковската галерија се гледа како крадецот пред очите на посетителите и на обезбедувањето ладнокрвно ѝ приоѓа на сликата, го вади платното од рамката и мирно заминува.

    Очевидците велат дека изгледал како музејски работник поради што тоа не предизвикало никакво сомневање. Според расположливите податоци надвор го чекало бело теренско возило од странско производство со кое заминал. Како што подоцна самиот призна во полицијата, не се раководел од никакви причини на љубов кон уметноста, туку кривичното дело го направил од чисто користољубие. Според руското законодавство му се заканува затворска казна од десет години и парична казна од 500 илјади американски долари, што зависи од соработката со истражните органи, вели репортерот на телевизијата „Росија 24“, укажувајќи дека претходно ќе мора да одговори на прашањето дали грабежот го извршил по нарачка и дали имал соучесници.

    Во брзата акција на руското Министерство за внатрешни работи и на Федералната служба за безбедност, за помалку од 24 часа од спектакуларната кражба среде бел ден, пред посетителите и обезбедувањето, во еден од најпознатите изложбени простори на светот, московската Третјаковска галерија, пронајдено е однесеното платно на познатиот руски сликар, пејзаж со исклучителна убавина „Ај Петри, Крим“ на Архип Куинџи, а крадецот е уапсен.

    Како што беше соопштено, во селото Заречје во Подмосковје, уапсен е 31-годишен маж кој на органите на редот им е познат од претходно. Имено, во декември минатата година против него е покрената и кривична постапка за поседување наркотици, поради што има забрана за излез од земјата.

    Според процените на руското Министерство за култура вредноста на сликата која се чува во Рускиот музеј во Санкт Петербург, а која во Третјаковската галерија беше изложена од есента на исклучително посетената гостинска изложба, изнесува дванаесет милиони рубли (околу 160 илјади евра), иако некои стручњаци оперираат со цифра од милион американски долари.

    Извор: https://rbth.com/

     

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 3 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 5 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 7 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 8 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 9 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 10 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 11 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 13 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена