Гостивар
Мотоциклистите во Гостивар не навикнаа да носат кацига, вчера 14 казнети
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (4 октомври) од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават мотоциклистите, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 40 прекршоци (Тетово-26 и Гостивар-14). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, дел ги управувале мотоциклите без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа или со истечена сообраќајна дозвола.
На сите им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби кои се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност, зависно од видот и карактерот на прекршокот, извести полицијата. При контролата, исто така, санкционирани се и 8 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово уште еднаш со апел до мотоциклистите да не седнуваат зад управувачот без возачка дозвола и задолжително да користат заштитна опрема, а посебно кациги. Им се советува, исто така, да не возат пребрзо низ градските улици, пред се, особено во близина на училишта, детски градинки и слично.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди