Поврзи се со нас

Вести

Можен нов Ковид бран, вакцинацијата и почитувањето на мерките клуч за излез од пандемијата

Објавено

на

    До крајот на оваа недела или почетокот на идната ќе биде јасно дали зголемениот број на заразени со коронавирусот е почеток на нов Ковид бран. Комисијата за заразни болести ќе се состане утре, но според министерот за здравство Венко Филипче нови рестриктивни мерки не се потребни.

    На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на Ковид-состојбата во земјата. Филипче вели сите опции се отворени, но мора да бидат издржани и спроведливи.

    Вакцинацијата и почитувањето на мерките (носење маска и држење дистанца), се клучот за излезот од пандемијата. Министерот на вчерашната прес-конференција во Владата оцени дека невакцинираните го оптоваруваат здравствениот систем. Засега, вели, не се размислува вакцинацијата да биде задолжителна, а за други мерки, вклучувајќи и некаква препорака, еден од главните индикатори ќе биде оптовареноста на болниците.

    – Тешко можеме да ја предвидиме динамиката. Болничките капацитети се подготвени, лекарите и медицинските сестри, но мора граѓаните да знаат дека здравствените работници се преморени зашто интензивно работат целокупниот изминат период. Затоа апелирам, граѓаните интензивно да се имунизираат. Многу е важно бранот да се пресретне, истакна вчера Филипче.

    Според него, ако актуелните Ковид бројки продолжат, значи дека новиот бран е почнат. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што, според Филипче, е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот период.

    Во однос на инциденцата на ниво на целата држава, последните две недели во однос на претходните 14 дена е зголемена за 28,5 проценти во 35 градови, а во други седум е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот раст, посочи министерот, е очекуван, имајќи предвид што се случува во земјите од регионот каде има огромен број новодијагностицирани и силен притисок кон болниците во смисла на зголемена потреба за хоспитализација.

    – До крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме каква мутација е сега доминантна и за тоа денеска разговаравме со директорот на Институтот за јавно здравје, рече Филипче.

    И бројот на пациенти кои се хоспитализирани минатата недела во однос на претходната недела бележи раст за 15 проценти.

    Досега во државата, како што информира Филипче, се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини, прва доза примиле 810.000 граѓани, околу 8.000 се пријавиле дека се вакцинирале во странство, ревакцинирани се над 780.000 граѓани, а трета доза примиле 46.000 граѓани.

    Има доволно вакцини, а најавени се и донации од европските земји. Заклучно со вчера има 200 илјади вакцини „Фајзер“ со различен рок. Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „спутник“.

    Во врска со лекот на „Фајзер“, Филипче истакна дека се уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.

    Во овој момент нема пациент кој примил трета доза вакцина, а е хоспитализиран. Филипче повтори дека како трета доза, се препорачува да биде примена вакцината Фајзер. Притоа е неважно која вакцина била аплицирана во првите две дози.

    Во претходното деноноќие од 3.597 тестирања беа регистрирани 656 нови случаи на Ковид-19. Оздравеа 273 пациенти, а починаа 13 лица на возраст од 65 до 86 години.

    Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368. Речиси половина од активните случаи се од Скопје.

    На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1068 активни случаи со Ковид-19. Во врска со скринингот на учениците, Филипче посочи дека тој е завршен во најголемиот број од училиштата во државата.

    – Тестирани се над 5.000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително важно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Огласи за вработување:

    Анкета

    Дали ги поддржувате предлог мерките за вработените во јавните институции (сертификат за вакцина, ковид-тест или потврда за прележаност)?

    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 6 часа

    Таравари рече Заев нудел пари на пратеничка, Заев бара извинување или ќе тужи

    Македонијапред 7 часа

    Пријавата за напад е лажна, извести МВР

    Македонијапред 8 часа

    Одлука на Влада: Парична награда за матичните лекари со 70% вакцинирани пациенти

    Македонијапред 9 часа

    МВР постапува по пријава за напад во МНТ во Скопје

    Гостиварпред 11 часа

    Салија, Фејзули, Ливарека-говорници на настан во Гостивар посветен на лицата со попречености

    Македонијапред 12 часа

    Ковид статистика: 460 нови случаи во земјава, седум починати и 543 оздравени пациенти

    Македонијапред 13 часа

    Грозоморен чин: Родители ја продавале малолетната ќерка, таткото и ја силувал

    Гостиварпред 14 часа

    Куче нападнало жена кај болницата во Гостивар

    Вестипред 15 часа

    Србија ги ограничи цените на основните прехранбени производи

    Македонијапред 15 часа

    Укината забраната за сообраќај на камиони на Стража

    Гостиварпред 16 часа

    Гостиварец пријавил дека две лица му го нападнале малолетниот син

    Македонијапред 16 часа

    Засега нема потреба од нови мерки за заштита од новиот сој, состојбата со коронавирусот стабилна

    Гостиварпред 17 часа

    Сообраќајот на патот Дебар-Маврово во прекин, паднало дрво

    Што, како, каде?!пред 1 недела

    -20% попуст на целиот асортиман на FLAIR во Гостивар и Тетово

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварецот Кимет Јусуфи меѓу топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“

    Гостиварпред 2 недели

    Мечка нападнала човек во гостиварски Бродец

    Гостиварпред 2 недели

    Павле од Гостивар во македонскиот тим на Светското првенство во гејминг

    Гостиварпред 6 дена

    Ромското знаме да биде во официјална употреба во Гостивар, иницијатива на ДСР

    Гостиварпред 1 недела

    Пронајден починат маж во неговиот дом во Гостивар, имал повреди на главата

    Вестипред 1 недела

    Страотно-Загинаа 46 македонски државјани во автобуска несреќа во Бугарија

    Гостиварпред 2 недели

    Одбележување на 18 Ноември во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Обвинение за дивоградба од 5 ката во Гостивар

    Гостиварпред 1 недела

    Обвинителот пукал во воздух за да се спаси, ЈО со детали за случајот во гостиварско Чегране

    Спортпред 2 недели

    Македонските „кантерџии“ со Павле од Гостивар во финалето на Светското првенство во е-спорт

    Гостиварпред 2 недели

    На хирургија во Гостивар успешно извршена сложена операција на тироидна жлезда

    Гостиварпред 1 недела

    Изгореа бараките спроти техничкото училиште во Гостивар

    Локални избори 2021пред 2 месеци

    Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

    Спортпред 3 месеци

    КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

    Спортпред 6 месеци

    ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

    Гостиварпред 6 месеци

    Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

    Гостиварпред 6 месеци

    Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

    Гостиварпред 7 месеци

    Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

    Гостиварпред 7 месеци

    Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

    Гостиварпред 10 месеци

    На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

    Гостиварпред 11 месеци

    Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

    Гостиварпред 1 година

    ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

    Спортпред 1 година

    Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!