Вести
Можна е вакцина против рак до 2030 година, најави Бионтех

Вакцините против рак би можеле да се развијат до 2030 година, според кажувањата на соосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтех“ – Угур Шахин и Озлем Тиречи.
Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им влева надеж и за вакцина за рак наредниве години. Според проф. Тиречи, методологијата со РНК може да се пренасочи во зајакнување на имунолошкиот систем и напаѓање на клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како кај коронавирусот.
„Бионтех“ веќе работеше на РНК-вакцини против ракот и пред корона-пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање ковид-вакцини.
Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки во тоа. Имено, клетките на ракот коишто создаваат тумор може да се полнат со широк спектар од различни протеини, што го отежнува создавањето вакцина, којашто ќе ги таргетира сите канцерогени клетки.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Гостиварпред 1 месец
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година