Македонија
Можни се нови мерки – носење маска и на отворено, забрани за групирање, а доколку мора и карантин

Состојбата со коронавирусот во земјава, како и секаде во Европа и во голем број земји во светот, се влошува како што се наближува есента, нагласи министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека главната причина за зголемување на бројката на заразени се должи на непочитување на мерките и тоа пред се: на групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.
„Очигледно граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои ги сносиме сите од нивното непочитување. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период кој го имавме полека завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме јавното здравје и здравствениот систем. И повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот. Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците кои ги носи есента, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат мерките. Во тек се анализи за воведување на нови мерки, за спречување на понатамошно ширење на вирусот. Тука сакам да посочам дека наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот“, потенцираше министерот, додавајќи дека целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движење или мерки кои повторно ќе ја закочат економијата и целосно ќе не затворат во нашите домови, но доколку тоа биде нужно, тоа и ќе се направи.
Дел од мерките кои се разгледуваат се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни собери и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено (со мал број на гости и соодветна дистанца), намалување на капацитетот на јавниот превоз и сл.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче