Поврзи се со нас

Македонија

Ќе се крати полицискиот час, а носењето маски, шал или марама на лицето ќе бидат задолжителни

Објавено

на

Олабавување на мерките во однос на забраните за движење на граѓаните, а зајакнување на оние кои се однесуваат на личната заштита, најави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час во работните денови да трае од 19 до 5 часот наутро, а за време на викенд од сабота во 13 часот до понеделник наутро.

„До сега сите одлуки за ограничувања дадоа резултати. Препораките се дека мерките мора да останат на сила се додека не сме сигурни дека сме го поминале пикот. Може да се прави благо намалување на мерките на движење, но да се подигнат мерките на лична заштита. Согласно тоа за возрасните граѓани движењето да биде дозволено од 8 до 12 часот, за младите да биде од 13 до 16 часот. Полицискиот час во викенд да почне од сабота во 13 часот се до понеделник до 5 часот. Забраната за групирање останува, а се воведува задолжително носење на маски и ракавици во затворени објекти, маркети, пошти, пазари, додека на отворено да се држи дистанца од 2 метри”, изјави министерот.

Освен маски, како лична заштита се смета и носењето шал или марама на лицето. Личната заштита ќе биде задолжителна за во сите јавни места од затворен тип како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и сите затворени објекти кадешто има повеќе лица. На отворените јавни површини заштитна опрема ќе треба да се носи на места кадешто нема простор за дистанца, како на пример, пазарите.

Предложените мерки ќе се најдат утре на седница на Владата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена