Поврзи се со нас

Македонија

Можно е натамошно зголемување на каматите

Објавено

на

Претседателот на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора, Глигор Бишев верува дека првите позитивни сигнали на успорување на растот на цените до кои дојде во САД и еврозоната, во претстојниот период ќе се почувствуваат и во Македонија.

Според Бишев, можно е натамошно зголемување на каматите со цел домашната потрошувачка да се сведе на ниво кое ќе доведе до рамнотежа со понудата на стоки и услуги.

-Растот на каматните стапки е процес што се одвива во сите земји со оглед дека инфлацијата е глобална, не не погодува само нас. На тој план, клучното прашање е како да се зголемат каматните стапки, да се намали потрошувачката и на тој начин да се забави инфлацијата и да се намалат инфлаторните очекувања без тие значително негативно да влијаат врз инвестициите. На светско ниво и кај нас можно е да очекуваме натамошно зголемување на каматите со цел домашната потрошувачка да се сведе на ниво кое ќе доведе до рамнотежа со понудата на стоки и услуги и да се вратиме на ниво на инфлација која ја памтиме во последните десетина година, изјави Бишев по првиот панел од конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“ што ја организира Стопанската комора.

Тој потсети дека во економијата мерките на економските политики влијаат врз економските движења со одредено временско задоцнување.

-Нема инстантно делување – денеска да ги зголемите каматните стапки, а утре да паднат потрошувачката и цените. За тоа е потребен одреден временски период овие мерки да се трансформираат прво во приватниот сектор, прво банките да ги зголемат позначително каматните стапки, потоа тоа да влијае врз потрошувачката и врз цените. Овој трансмисиски механизам во мала и отворена економија е потежок зашто голем дел од паричната маса се креира преку земање кредити од странство и преку странските дир инвестиции. Ова е сложена ситуација – од една страна да не ги декуражирате странските инвеститори, а од друга да ја соборите инфлацијата, нагласи Бишев.

Во врска со заклучоците од првиот конференциски дел и воведните обраќања, Бишев укажа на заедничката констатација, дека мора да постои суштинско партнерство меѓу деловната заедница и носителите на економските политики.

-Дискусиите при носењето закони треба да бидат суштински, а клучното прашање кога секоја мерка ќе се носи, мора да биде „дали тоа ја зголемува конкруентноста и ефикасноста на компаниите“. Сите сме свесни дека 2023-та ќе биде година со голем број предизвици. Првиот ќе биде соборувањето на инфлацијата без тоа значително негативно да влијае врз успорување на економскиот раст, вториот се однесува на шоковите од зголемувањето на цените на енергијата и храната, додека третиот на долгорочното преструктуирање на македонската економија кон зелена, кон автоматизација и дигитализација за да стане поконкурента, подинамична што ќе води до зголемување на животниот стандард, рече Бишев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 7 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 9 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 11 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 12 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 13 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 14 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 16 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 16 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 18 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена