Македонија
Можност за бесплатно патување низ Европа за млади на возраст од 18 години

Министерството за образование и наука информира за иницијативата на Европската комисија која нуди речиси 36 000 бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години.
-Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа, објави МОН.
Право на аплицирање имаат лица родени помеѓу 1 јули 2006 и 30 јуни 2007 година, кои се жители на земји членки на ЕУ или на земји поврзани со програмата Еразмус+ (Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција).
Крајниот рок за пријавување е среда, 16 април 2025 до 12 часот, преку Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/home_en). Пријавата вклучува проверка на исполнување на условите и краток квиз за ЕУ, по што следува електронска апликација.
-Пропусниците ќе бидат доделени врз основа на ранг-листа, сè додека не се потрошат сите. Учесниците можат сами да го осмислат своето патување или да изберат една од предложените тематски маршрути инспирирани од приоритетите на ЕУ, како што се Зелената рута (која вклучува наградени зелени градови и природни паркови) и рутите на Новиот европски Баухаус (фокусирани на иновации, одржливост и урбан дизајн). Дополнително, добитниците ќе добијат попуст-картичка што важи во 36 земји и нуди попусти за превоз, сместување, културни локации, храна, спорт и други активности, се наведува во известувањето.
Програмата нуди специјална поддршка за млади со попреченост, здравствени состојби или ограничени можности, како и дополнителна логистичка помош за апликанти од рурални, островски или оддалечени региони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос