Поврзи се со нас

Гостивар

Можност за млади без работа, по 11.000 денари месечно за практиканство

Објавено

на

Неделава Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за практиканство кој се однесува на сите невработени лица до 29 години, со минимум завршено средно образование, кои немаат работно искуство. Лицата ќе бидат вклучени како практиканти во период до три месеци кај работодавачи, заради стекнување на одредени практични знаења и вештини.

За секој кандидат кој ќе биде избран се предвидува финансиска поддршка во износ од 11 илјади денари месечно  (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход)  за периодот за кој се извршува практичната обука.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници, се вели во огласот, а пријавувањето се врши во работните клубови на Центрите за вработување, секој работен ден од 8 до 14 часот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена