Македонија
Можност за невработените, отворен повик за бесплатна обука за приватно обезбедување
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2021/02/vrabotuvanje.jpg)
Агенцијата за вработување објави јавен повик наменет за невработени лица кои се заинтересирани за учество во бесплатна Обука од областа на приватно обезбедување.
Во оваа мерка е предвидено вклучување на 100 невработени лица кои ќе добијат можност за зголемување на вработливоста преку стекнување на лиценци за приватно обезбедување. За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми: да има завршено минимум средно образование и да биде евидентирано невработено лица- активен барател на работа.
Предвидено е обуките да се реализираат во Скопје и Штип.
Како што стои во повикот, кандидатот има обврска во рок од 2 месеци од почеток на обуката, истата да ја заврши и во рок од 6 месеци да го полага стручниот испит. Во случај лицето да не го положи испитот (не положи 1 или 2 предмети од испитот) има право повторно да полага на сопствен трошок.
По завршената обука и положен испит, невработеното лице ќе се стекне со лиценца за физичко обезбедување.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување. Јавниот повик ќе биде отворен се до потполнување на планираниот опфат на лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград