Македонија
Можност за вработување-Тече оглас за невработени за обуки за негуватели и асистенти

Невработени лица имаат можност да се вклучат во програмата „Економија на грижа“ и преку бесплатни обуки да дојдат до работен ангажман како негуватели и асистенти.
Проектот се спроведува од страната на УНДП во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување, во рамки на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување. Огласот за пријавување на заинтересирани е во тек.
„150 невработените лица ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негователи и асистенти реализирани на локално ниво, по што ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани. Идните работодавачи ќе вработат 100 обучени нововработени негователи кои ќе испорачуваат социјални услуги за помош и нега во домовите на крајните корисници.“, стои во соопштението.
Аплицирањето се врши во 30 центри за вработување при Агенција за вработување со пополнување на пријавата.
Во рамките на програмата Економија на грижа во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица ја поминаа стручната обука, 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани како даватели на социјални услуги на локално ниво.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!