Гостивар
Можностите за развој на Гостивар претставени пред државните економски промотори

Во Општина Гостивар се одржа средба на претставници од локалната самоуправа, економски промотори и претставници од бизнис секторот, на кои беа презентирани државните и локалните економски политики, како и можностите за економски развој на Општина Гостивар.
На настанот учествуваа државните економски промотори: Абдилџемил Саити(Германија) Илија Псалтиров (Полска), Бекри Ајдини (Обединети Арапски Емирати), и Сузана Тунева (Турција)
„Пред економската дипломатија, презентирав готови проекти што ги имаме како локална самоуправа: изградба на аква-парк, изградба на катни гаражи и уредување на економската зона предвидена кај поранешната касарна во Гостивар и промоција на планинскиот велосипедизам.“, наведе градоначалникот Арбен Таравари.
Локалните бизнисмени кои сакаат да ги извезуваат своите производи во странство, можат да се поврзат со економските советници преку Општина Гостивар.
Економските советници промотори имаат задача во земјите кадешто се назначени да ги престават потенцијалите на Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции, да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација и да ги презентираат извозните потенцијали.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград