Гостивар
Мртовечките сандаци од гробиштата во Гостивар завршија на Русино, случајот се истражува

Објавено
пред 5 месецина

Фрлени мртовечки сандаци на Русино, ги растревожија и вознемирија гостиварци. Сандаците завршија на депонијата вчера, по што на социјалните мрежи во групата „Стоп Русино“ беа објавени фотографии и видео. Во јавноста се отворија прашања, од каде ковчезите се нашле на Русино, кој и зошто ги фрлил. Дополнителна паника создаде фактот што сандаците се со лимен дел, какви според протокол се користат за погребување на починати од ковид. Со метални ковчези, се пренесуваат и мртовци од странство.
Полицијата истражува, и за сега нема конкретни одговори околу случајот.
Од јавното претпријатие Комуналец велат дека сандаците вчера наутро ги собрале од дива депонија кај гробиштата во населбата Млаки. Тоа го направиле по реакција на граѓани. Да потсетиме дека Gostivarpress.mk во неделата објави фотографии од сандаците на гробиштата.
„Нашите ингеренции како претпријатие се одржување на гробиштата и обезбедување на гробно место, други надлежности немаме. Услугите за погребување ги прави економски оператор, што е ангажиран. За овој случај, по реакции на граѓани дека неколку сандаци се фрлени на гробиштата, вчера се организиравме, ги собравме и ги однесовме на Русино, каде што им е местото.“, изјави Исак Лазами, директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар.
Од ИВЗ соопштија дека починатите од ковид се погребуваат според протоколи и тоа се почитува. Ковчезите не се отвораат и сите религиозни обреди се извршуваат откако сандаците ќе бидат веќе спуштени во земјата.
Директорот на Комуналец вели дека погребувањето на мртвите со корона е под надзор на надлежни комисии.
„Има протоколи, како треба да се одвива погреб на починат од ковид. И надлежните институции тоа го контролираат од почеток, до крај“, рече Лазами.
Од СВР Тетово соопштија дека преземаат мерки за откривање-кој и зошто ги оставил сандаците. Ќе се утврдува дали постојат основи на сомнение за сторени кривични дела, односно дали има елементи на непостапување по прописи во време на епидемија или на ширење на заразна болест.
Полициските службеници кои вчера биле испратени по сознанија за фрлени мртовечки сандаци, не нашле сандаци, ни друга погребална опрема на посочените места.
Екипата на Gostivarpress.mk денес на Русино ги фотографираше ковчезите. Некои веќе до половина затрупани со земја, некои искршени на делови.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
АНКЕТА:

Расчистени сметките со Академија ФМП – Убедлива победа на КК Гостивар 92-81

Следете го во живо натпреварот: КК Гостивар – Академија ФМП (Livestream)

Во Гостивар 87 оздравени, 6 новозаразени и 1 починат изминатово деноноќие

КК Гостивар денеска ја пречекува екипата на Академија ФМП

Анализи на Д-Дмери за ковид болни наскоро во лабораторијата на Здравствен дом во Гостивар со упат од матичен лекар

АХВ со совети како да ги заштитите животните во зима

Неколку природни лекови против болка во грлото

УЈП го продолжи рокот за даночни пријави до 29 јануари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Нова „Мега акција со Мега ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ