Поврзи се со нас

Македонија

МТСП бара да се почитуваат препораките поврзани со работењето за време на топлотниот бран

Објавено

на

Работодавците од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд, со цел појаснување и единствена примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со работењето за време на топлотниот бран.

  • Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во период од 11 до 17 часот. Правните субјекти кои вршат градежна дејност и чии активности се вршат на отворено се должни да ги запрат активностите во период од 11 до 17 часот. Со оглед на фактот дека одредени активности на правните субјекти може да претставуваат ризик по здравјето на изложените работници, Државниот инспекторат за труд покрај препораките, при инспекциските надзори постапува и во согласност со одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, соопштуваат од МТСП.

Оттаму, истакнуваат дека, согласно член 49 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа, ако инспекторот на труд врз основа на надзор кај работодавецот утврди дека постои непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, со решение ќе ја забрани работата во целост.

  • Со оглед на тоа што во услови на топлотен бран, високите температури односно високиот УВ индекс се максимум изразени, тие сами по себе претставуваат непосредна опасност по безбедноста и здравјето на работниците за што инспекторите на труд имаат правен основ за изрекување на напред наведената инспекциска мерка, нагласуваат од МТСП.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена