Македонија
МТСП: Додатокот од 1000 денари за социјалците ќе продолжи од октомври до март

Министерството за труд и социјална политика демантира дека имало кратење на висината на средствата за корисниците на Гарантирана минимална помош. Кратењето на споменуваните 1.000 денари, велат од МТСП, се средства кои биле наменети за потрошувачка на енергенси за корисниците на Гарантирана минимална помош во текот на целата година во период на вонредна состојба. Откако Собранието ја укина вонредната состојба во државата, потенцираат од МТСП, овие средства се исплаќаат во месеците на грејна сезона, како што беше и пред нејзиното воведување.
-Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.
Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, се вели во соопштението од МТСП.
Ваквите одлуки за постапување, додаваат од Министерството за труд и социјална политика, се донесени согласно Закон и за нив јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 5 август годинава.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден