Рецепти
Мусака со сирење, нема промашување со овој рецепт

Има денови кога сакате вашиот ручек да биде подготвен што е можно поскоро и да не вложувате премногу труд во него.
Овој рецепт е решение за вас, бидејќи е едноставен и брз за подготовка, а членовите на вашето семејство ќе го обожаваат со сигурност.
Состојки:
- 2,5 кг компири,
- 2дл млеко,
- 3дл кисела павлака,
- 2 главици кромид,
- 50 гр тврдо сирење,
- ловоров лист,
- чешне лук,
- путер,
- сол и бибер
Подготовка:
Истурете млеко во сад и додадете лук и ловоров лист, варете 2-3 минути, потоа извадете го кромидот и ловоровиот лист и оставете го млекото да се излади. Потоа додадете павлака во млекото и додадете малку сол.
Исечете го кромидот на прстени и испржете го на путер.
Исечете ги компирите на тенки парчиња.
Подмачкајте подлабок сад за печење со путер. Наредете ги парчињата компири на дното, па додадете го солениот кромид, а потоа повторно наредете компир и зачинете со бибер и сол. Потоа додадете ги млекото и павлаката.
Покријте го садот со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна (180 степени) 45 минути.
Потоа изрендајте го сирењето и вратете ја мусаката во рерна уште неколку минути.
Пријатно!
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022