Македонија
Муслиманските верници празнуваат Курбан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денес го слават Курбан Бајрам, празник кој во својата симболика ги има хуманоста, солидарноста, толеранцијата и помирувањето.
Празнувањето започнува од рано наутро со молитва во џамиите, по која верниците си го честитаат денот. Курбан Бајрам во муслиманската религија е поврзан со одењето на аџилак и колењето на курбан како принесување на жртва кон Бога. Курбанот што се коле се посветува на Алах, но им припаѓа на сиромашните и на оние кои го слават. Месото се дели на три дела, едниот се дава на сиромашните, вториот се приготвува за гоштевање на роднините, соседите и пријателите, а третиот дел верниците може да го остават на своето семејство.
Курбан Бајрам се празнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-Бајрам, а го одбележува денот кога е комплетиран Светиот Куран.
Освен славењето со семејството и пријателите, традициите на празникот налагаат верниците да ги помогнат сиромашните. Да покажат хуманост и солидарност, да го поделат тоа што го имаат со оние на кои им е потребно. Во суштината на Курбан Бајрам се и толеранцијата и помирувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар