Поврзи се со нас

Вести

Муслиу: Градоначалникот незаконски го оспорува изборот на претседател на Советот

Објавено

на

 

Насир Муслиу од редовите на ДУИ, кој беше избран за претседател на Советот на општина Гостивар на конститутивната седница, денес на прес конференција реагираше дека градоначалникот Арбен Таравари донел незаконско решение со кое го оспорува изборот на претседател на Советот.

„На последните локални избори граѓаните гласаа за избор на градоначалник на општината како орган на општината како и за Совет на општината, истотака како највисок орган. Ние како членови на општинскиот совет ја почитувавме волјата на граѓаните на Гостивар за избор на градоначалник, за разлика од градоначалникот кој со денешното решение не ја почитува волјата на граѓаните, со тоа што ја оспорува одлуката на мнозинството во Советот на Општината за извор на претседател на советот. На ден 17.11.2017 година на конституивната седница и покрај сите опструкции и притисоци од страна на сегашното раководство на општината, советниците со мнозинство гласови и тоа 16 за и 2 воздржани го избраа претседателот на Советот на општината. Актуелниот градоначалник освен што не ја почитува волјата на граѓаните тој не ги почитува ниту важечките закони. Во овој случај, после истекот на рокот од 7 дена и со дополнително закаснување од 10 дена носи решение со кое го оспорува изборот на претседател на советот од страна на мнозинството советници“, рече Муслиу повикувајќи го Таравари да ја почитува одлуката на Советот и како што нагласи како два рамноправни органи, градоначалник и Совет да почнат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

Муслиу истакна дека се уште го имаат мнозинството во Советот и смета дека така и ќе остане.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена