Поврзи се со нас

Вести

Муслиу закажа седница, Таравари повторно во обид да формира мнозинство

Објавено

на

Помина еден месец по конститутивната седница на Советот на општина Гостивар, а се уште е неизвесно како ќе функционира овој важен општински орган. По изборот на Насир Муслиу од ДУИ за претседател и решението за оспорување на одлуката за негов избор од страна на градоначалникот Арбен Таравари, следуваат нови моменти.

Муслиу ја информираше јавноста дека свикува седница на Советот за утре (понеделник, 18-ти декември) и побара општинските служби да ја обезбедат потребната техничка поддршка. „Се надевам дека службите и градоначалникот во интерес на граѓаните нема да прават опструкции како на конститутивната седница “, нагласи Муслиу.

Градоначалникот Арбен Таравари даде коментар дека актуелното мнозинство во Советот било направено со заплашувања и дека неговата партија уште еднаш ќе се обиде да формира мнозинство. „Со оглед  на тоа дека Министерот за внатрешни работи вршеше закани врз советниците, Муслиу не е избран за претседател од советниците, туку од СДСМ. Ние ќе се обидеме повторно да направиме мнозинство, доколку не успееме нека продолжи ова мнозинство. До крајот на годината секако мора да профункционира Советот“, изјави градоначалникот.

Конституивната седница на Советот на Општина Гостивар, помина во напната атмосфера со повеќе прекини по што претседателот Насир Муслиу од ДУИ, беше избран со мнозинство гласови, во отсуство на членовите од ВМРО ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, Беса и ДНЕТ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена