Занимливости
Музичарите имаат подобра меморија
Еден поглед во внатрешноста на мозоците на професионалните музичари им овозможи на психолозите од Универзитетот Арлинтон во Тексас да ја откријат врската помеѓу музичкото образование и ефектите врз долгорочната меморија.
Веќе е познато дека луѓето со музичко образование за дел од секунда побрзо ги обработуваат јазичните задачи од луѓето кои не се музичари, а имаат исто така и подобра работна меморија. „Она што не интересираше е дали има разлика во сликовитата и вербалната меморија и дали има ефект врз долгорочната меморија“ – истакнуваат истражувачите. Ако се покажат позитивни резултати, тоа би можело да се искористи кај лицата со когнитивни пречки.
За таа цел, со помош на EEG биле мерени електричните активности на невроните во мозокот кај 14 музичари и 15 лица без музичко обрзование и биле бележени разликите во фронталниот и париеталниот лобус. Париеталниот лобус се наоѓа веднаш позади фронталниот и е одговорен за обработка на перцепцијата, за внимание и меморија.
Музичарите кои свиреле класична музика повеќе од 15 години ги надминале оние кои не биле музичари, кај оние задачи каде што се испитувала работната меморија. Но кај тестовите за долгорочна меморија, зголемена чувствителност била забележана само кај меморијата за слики.
Невралните одговори кај музичарите биле побрзи и во средниот фронтален дел (300-500 милисекунди) и во периеталниот лобус (400-800 милисекунди).
Студијата не испитува зошто се стекнува ваквата предност, но истражувачите сметаат дека музичарите имаат подобра меморија за слики, бидејќи секојдневно се среќаваат со музички партитури.
„Со ова се надополнуват доказите дека музичкото образование е добар начин да се подобрат когнитивните способности“ – велат истражувачите.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар