Култура
Музичките теми од Џемс Бонд, Пиратите од Карибите, Мирисот на жената, на концерт во Гостивар
Во гостиварскиот Центар за култура АСНОМ во четврток навечер, концерт ќе одржи гудачкиот квартет на виолинистката Пламенка Трајковска. Концертот носи наслов Музика и филм. Пред гостиварци ќе бидат изведени познати музички теми од популарни филмски остварувања како Пиратите од Карибите, Џемс Бонд, Шиндлеровата листа, Мирисот на жената и други.
Сите композиции ќе бидат илустрирани со музички клипови од филмовите, кои дополнително визуелно ќе ја поткрепуваат музичката креација.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Маја Михајловска на виолончело.
Концертот се реализира по повод одбележувањето на Илинден и е поддржан од Министерството за култура. Почетокот е закажан во 20 часот.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk