Деца Родители
Музичкото образование го забрзува развојот на мозокот кај децата

Научниците тврдат дека музиката и пеењето кај децата го забрзуваат развојот на мозочните функции и помагаат при борбата со депресија.
Музичкото образование го забрзува развојот на мозокот кога се во прашање мали деца, а особено во областите кои се одговорни за обработка на звукот, перцепцијата на говорот, развој на говор и вештини како што е читањето – се вели во новата студија, спроведена од страна на научници од Универзитетот во Калифорнија.
Контролираното лекување за време на слушање и свирење, исто така претставува ефикасен третман за проблеми со менталното здравје.
Истражувањата потврдуваат дека додавањето на музичка терапија при лекувањето ја подобрува социјалната функција и кај луѓето кои патат од шизофренија. Музичката терапија исто така се покажа како ефикасна, како независен третман за намалување на депресијата и хроничната болка.
Институтот кој се занимава со мозочната функција и креативноста на луѓето при Универзитетот во Калифорнија, уште во 2012 година ја започна петгодишната студија во соработка со Филхармонијата од Лос Анџелес, и откриле дека музичката настава влијае врз социјалниот и емоционалниот развој кај децата.
Почетните резултати од студијата, објавени во бројни списанија, пружија докази за предностите од именото образование во време кога многу школи ја намалуваат или целосно исфрлаат музичко-уметничката програма.
За време на студијата, научници од областа на неврологијата го следеле развојот и однесувањето на мозокот кај група од 37 деца од посиромашните области во Лос Анџелес. Децата научиле да свират инструменти како што е виолина во ансамбли и групи и вежбале до 7 часа неделно.
Во соработка со: Enauka.mk
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!