Гостивар
Музичкото училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар со нов лик

Во основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар денес беа промовирани инвестициите и зафатите кои изминатиот период беа направени во објектот. Како повод за настанот беше земен патрониот празник на училиштето, 30 март. Патронатот традиционално се прославувал со концерт на кој се претставувале учениците, но годинава тоа изостана заради пандемијата.
Директорката на училиштете Бетиме Јакупи информираше дека се подновени училниците, тоалетите, како и холот кој дополнително е разубавен со цртежи и слики со музички мотиви. Променети се вратите, а во скоро време и старите прозорци ќе се заменат со нови.
„Во реновирањата учествуваше општината, но и донатори. Сакам јавно да се заблагодарам на донаторите коишто издвоија средства и помогнаа за инвестициите. Разговаравме со одговорната за образование во општината да донесеме и нови инструменти и се надевам дека за еден месец општината ќе набави за училиштето две гитари и 2-3 виолини. Подобри услови во сите училишта ни беше и ветување во кампањата, што го исполнуваме и може да се види дека се работи во сите основни и средни училишта“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Пејачот и професор по пеење Ардит Стафа, син на музичарот Енвер Стафаи по кој е именувано училиштето истакна дека е горд што музичкото училиште во Гостивар со подобри услови ја поттикнува и гради љубовта кон музиката кај децата.
Во училиштето годинава се запишани околу 120 деца. Наставата е организирана на македонски, албански и турски јазик. Децата изучуваат солфеж и инструмент.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава