Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против десет полициски службеници вработени во Единицата за брзо распоредување.
Пријавените, К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., се сомничат дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Според пријавата, полициските службеници со намера да прибават противправна имотна корист, ја злоупотребиле можноста за надомест на патни трошоци, иако не патувале од местото на живеење до работното место во Скопје. Иако формално се воделе со адреса надвор од Скопје, тие примале парични средства за патни трошоци и за денови кога не оствариле патување, со што го оштетиле буџетот на МВР за вкупен износ од 1.098.120 денари, во периодот од 1 декември 2023 до 17 септември 2024 година.
Дополнително, Одделот за внатрешна контрола најави дека за сите пријавени полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос