Поврзи се со нас

Македонија

МВР: Седум полицајци констатирале дека кабарето во Кочани ги исполнува законските услови, одреден притвор

Објавено

на

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор. Осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

    Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со кривично правен настан, кое притоа и во овој момент е едно од раководните лица во Министерството за економија.

    • Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, рече Тошковски на прес-конференцијата.

    Како што дополни, како службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

    • Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди, рече Тошковски.

    Тој потенцира дека првиот, како главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип, и вториот како самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

    Третиот, како началник на Одделението за полиција во СВР Штип и четвртиот како началник на СВР Штип, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови и со тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат и одобрат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, сториле незаконитост.

    • Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, истите вака изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето, појасни Тошковски.

    Како што посочи, ценејќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.

    • Овие лица, во овој момент, се обезбедени од страна на МВР и се носат во рамки на надлежниот суд, пред надлежен судија, во рамки на претходна постапка. До сега има определено мерка притвор за 18 лица, освен овие седуммина кои ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Ќе биде изведено пред судија на претходна постапка уште едно лице по наредба на надлежен јавен обвинител, кое што е поврзано со овој кривично правен настан, а притоа е едно од раководните лица и во овој момент во Министерството за економија, додаде Тошковски.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 31 минута

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 2 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 6 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 7 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 21 час

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 22 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена