Поврзи се со нас

Гостивар

МВР упадна на плантажи за канабис во Врапчиште, откриени куп неправилности

Објавено

на

    МВР соопшти дека спровело зајакнати контроли во правни лица на подрачјето на Гостивар и Скопје за одгледување на канабис за медицински цели. При тоа биле констатирани бројни неправилности, за кои ќе следуваат кривични пријави и одземања на одобренијата.

    Како што извести полицијата вчера (11 август) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

    Од извршената вонредна контрола и претресот беа констатирани голем број на неправилности, односно дека во правното лице не се исполнети барањата за обезбедување и надзор, а оградата и бриновиот елемент биле оштетени, соопшти МВР.

    Покрај ова, објектот е без електрична енергија, а од проверките во Агенцијата за вработување евидентирани се само две вработени лица, кои не биле затекнати на местото, наспроти двете затекнати лица, албански државјани, кои не биле вработени во правното лице, од кои едното има забрана за влез во државата и при доаѓање во објектот тоа се дава во бегство, но набргу било пронајдено и приведено. Во магацинот за готов производ, т.н. СЕФ-соба биле пронајдени 327,3 килограми сув цвет спакуван во алуминиумски вреќи, што е спротивно на член 29-Ѓ од Закон за контрола на опојна дрога и психотропни супстанции, а според официјалното Известување доставено до Министерство за здравство, дополнително бил констатиран вишок од 23,3 килограми сув цвет од канабис. Исто така, затекнати биле 2.746 растенија од канабис кои се одгледуваат во надворешниот простор на правното лице, спротивно на предвидените услови. Сите пронајдени стебла од канабис и сув цвет од канабис по насоки на Јавен обвинител при ОЈО Гостивар, во текот на денешниот ден (12.08.2023) се одземени, а по комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар против правното лице и против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно Законот за контрола на опојни дроги. Исто така, од страна на Комисијата ќе биде поднесен предлог за  одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели.“, стои во соопштението.


    Истиот ден полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога во рамки на Одделот за криминалистичка полиција во координација со Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели извршија редовна контрола во уште едно правно лице во Врапчиште, гостиварско кое, исто така, поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. Од извршената контрола биле констатирани неправилности во однос на обезбедување на објектот и во делот на вработени лица, поради што  од страна на Комисијата ќе биде поднесен предлог за  одземање на Одобрението за одгледување канабис за медицински цели.
    Претходниот ден, пак, (10 август) од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на условите беше извршена уште една редовна контрола, овој пат во правно лице од Скопје, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, при што, исто така, биле констатирани неправилности во делот на обезбедувањето на просторот и вработените и ќе биде поднесен предлог за одземање на одобрението.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена