Гостивар
„МВР за граѓаните“ превентивна активност во Гостивар

Денеска (15 април) во Гостивар полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар продолжија со активностите од кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар на градскиот плоштад и пред Центарот за култура “АСНОМ” во Гостивар реализираа превентивно-информативна активност како содржински дел од кампањата за јакнење, продлабочување и надградување на довербата на полицијата и граѓаните, базирана на одговорност и ефикасен двонасочен партнерски однос.
На граѓаните им се делеа летоци со пригодни информации за принципите на полициското работење во заедницата, за главните професионални цели на полицијата и за формите и начините за контрола на нејзиното работење во заедницата. Граѓаните, пак, прашуваа и добија повеќе одговори за нивни сервисни и други потреби поврзани со полициското работење, но и за конкретни безбедносни настани и појави на подрачјето.
Вакви и слични активности ќе следат и во наредниот период во функција на ефикасно детектирање и справување со сите безбедносни предизвици во заедницата, најави МВР.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение