Македонија
МЗ апелира граѓаните да се придржуваaт кон првентивните мерки за заштита од конго-кримска хеморагична треска

Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) се стабилни. Според лекарите, најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Нема други суспектни случаи ниту, пак, кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ, соопшти Министерството за здравство.
Потсетува на заклучокот од последниот состанок со Комисијата за заразни болести што се одржа минатата седмица – да се препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од конго-кримска хеморагична треска која се пренесува со каснување од крлеж.
Превентивните мерки за заштита, главно, се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од неа. Се препорачува со облека да бидат покриени експониранате делови – раце, нозе, врат, глава, да се носи светла облека за лесно да се забележи крлежот, облеката да се испрска со спреј на база на синтетски пиретроид, но да се внимава да не се прска на кожата, да се користи репелент против крлежи и инсекти кои може да се нанесуваат на гола кожа.
-По престој во природа направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите често се закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и сл. Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни. Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни, се наведува во препораките на Министерството за здравство.
Се апелира и избегнување близок физички контакт со лица заболени од ККХТ, да се носат ракавици и заштитна опрема при грижа за болните луѓе и редовно да се мијат рацете со вода и сапун по активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос