Поврзи се со нас

Македонија

МЗ до родителите: Вакцинирајте се за непречено одвивање на учебната година

Објавено

на

Пред почетокот на новата учебна година, земјите во регионот Србија, Хрватска и Бугарија, а меѓу нив и нашата земја ги соопштија одлуките наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата.

-Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници, сопштуваат од Министерството за здравство. 

Како што се наведува во соопштението, според одлуката на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, наставниот процес во земјата ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Наставата ќе се одвива по т.н. модел на безбедна средина, кој предвидува учениците да носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.  Во зависност од епидемиолошката состојба, предвиден е систем за спроведување на наставата и преку два други модели, со кои физичката настава ќе се комбинира со настава на далечина или целосно ќе се одвива онлајн при висок степен на ризик.  

Флексибилен протокол кој овозможува секое училиште да го регулира начинот на реализирање на наставата според локалната епидемиолошка слика и заболеноста во регионот во кој се наоѓа е донесен и во Бугарија. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, се посочува, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Бидејќи во моментов речиси сите области во Бугарија се во жолта или црвена зона, учениците ќе ја започнат школската година со задолжително носење маска за време на часовите.  

Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Во споредба со претходната, оваа училишна година надлежните најавуваат и порелаксирани мерки. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности, бидејќи токму тие во текот на практичната настава доаѓаат во контакт со повеќе луѓе. 

И во нашата земја, како што посочуваат од МЗ, оваа учебна година започнува редовно, со физичко присуство во основните и средните училишта, а ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Ваквата стратегија, се наведува, се покажа како добра минатата учебна година, кога 40 отсто од учениците следеа физичка настава. Исклучок од оваа одлука ќе бидат децата со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето. 

MЗ апелира за масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, како би се заштитиле семејствата.

-Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН  по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар како приоритет, притоа одржувајќи го континуитетот на образованиот процес, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена